Камерун победи, но Комори е тимот кој ги освои срцата на фановите низ светот

Токо Екамби и Абубакар го однесоа Камерун во четвртфиналето на Африканскиот куп на нациите (АФКОН), таму ќе се сретнат со Гамбија, но и покрај победата од 2-1 над Коморските Острови, тимот од Коморите ги освои симпатиите на љубителите на фудбалот.

Коморите настапија без голман, меѓу стативите стоеше нивниот лев бек, а дополнително голем малер им беше исклучувањето на нивниот капитен уште во седмата минута. Но, иако целиот меч беше практично без голман, а 83 минути со човек помалку, се бореа лавовски, дадоа прекрасен гол, и чесно се простија. За Комори, ова е прв настап во нокаут-фаза на АФКОН.

- Оглас -

Најнови вести