Камерунец му даде гол на Камерун

Швајцарија води со 1:0 против Камерун, а радост на европската репрезентација донесе фудбалер кој е роден во Камерун. Брел Емболо, кој е Камерунец по националност, но реши да игра за Швајцарија, погоди на почетокот на второто полувреме за водство на европската репрезентација.

Семејството на Емболо решило да се пресели во Франција додека тој бил многу мал, а потоа заминале да живеат во Швајцарија. Емболо уште во 2012 година првпат го облече дресот на швајцарската репрезентација кога заигра за репрезентацијата до 16 години. Потоа играше и за У20 и У21, а од 2015 година е во сениорскиот состав.

Во 60 меча ова е 12-ти погодок за Емболо во швајцарската репрезентација и првпат не се радуваше.

- Оглас -

Најнови вести