Камерунец од Брентфорд ќе биде второ летно засилување за Манчестер јунајтед

Манчестер јунајтед е на добар пат да го обезбеди и второто летно засилување откако претходно го потпишаа Матеус Куња од Вулверхемптон. Според британските медиуми, фудбалерот на Брентфорд, Брајан Мбемо, од четирите понуди ја одбрал онаа на Црвените ѓаволи, а интерес за него имаше и од Арсенал, Њукасл и Тотенхем.

Мбемо е 26-годишен репрезентативец на Камерун, кој е роден во Франција и ги мина сите младински категории на Галските петли пред да се одлучи да настапува за земјата на неговите родители. Во Брентфорд пристигна пред шест години од Троа за 6,5 милиони евра, а неговата вредност во моментов е 55 милиони евра.

Откако добија позитивни сигнали дека играчот сака да се пресели на „Олд Трафорд“, сега на потег е раководството на Манчестер јунајтед, кое треба да испрати понуда до Брентфорд за фудбалерот кој има договор до следното лето, но со опција за автоматско продолжување за уште една година.

- Оглас -

Најнови вести