Никола Јокиќ најверојатно нема да ја освои наградата за најкорисен кошаркар во НБА-лигата во регуларниот дел за сезоната 2022/23. Ова е заклучокот барем ако се видат резултатите од гласањето на 22-ца новинари кои одлучуваа за ова признание.
Вкупно 100 новинари ги даваат своите гласови, а според досегашните резултати, Џоел Ембид добил 15 гласови, за Гркот Јанис Адетокумбо гласале четворица, а за Јокиќ има само три гласа.
Адетокумбо го предводеше Милвоки до првото место на Истокот со просек од 31,8 поени, 11,8 скока и 5,7 асистенции на 63 натпревари. Ембид со Филаделфија заврши на третото место на Истокот, а Камерунецот е прв стрелец во лигата со просек од 33,1 поени, а има и 10,2 скока и 4,2 асистенции.
Јокиќ, кој во претходните две сезони беше МВП на првенството, оваа сезона ја заврши со просек од трипл-дабл, и тоа 24,5 поени, 11,8 скока и 10 асистенции. Денвер со Јокиќ на чело стигна до првото место на Западот.