Квотите во Sport Life за конечен тип најавуваат дека дуелот на Камерун и Јужна Африка треба да биде многу интересен и неизвесен. Победникот во четвртфиналето би се сретнал веројатно со домаќинот Мароко, па желбата за пласман меѓу осумте најдобри на Црниот континент е голема кај двата тима.
Според она што досега се случуваше, Јужноафриканците се нешто поефикасен тим од Камерун, а имаат и двајца фудбалери, тоа се Фостер и Аполис, кои веќе постигнаа по два гола на Африканскиот куп на нации. Кај Камерун ниеден играч нема повеќе од еден гол, а првата ѕвезда Брајан Мбеумо, уште се нема запишано во листата на стрелци.
Играчот на Манчестер јунајтед и денеска е прв фаворит за прв стрелец. Камерун е благ фаворит, па затоа и голови се чекаат покрај од Мбеумом и од Кофане и Ета Ејонг. Но, ако погодите дека некој од Јужна Африка ќе даде гол, ќе имате поголема добитна квота.
Во Специјалот има многу игри, супер квота има и за автогол. На претходните два меча, противниците на Камерун си даваа автогол.


