Камерунците повторно нешто матат, повикаа 17-годишен фудбалер за Африканскиот куп на нациите, но воопшто не изгледа како тинејџер (Фото)

Фудбалската федерација на Камерун се најде во центарот на вниманието на светската фудбалска јавност откако го објави списокот на играчи кои треба да настапат на престојниот Африкански куп на нациите и се пофали дека меѓу нив е и 17-годишен фудбалер.

Според Камерунците, Вилфрид Нејтан Дуала е роден во 2006 година и дебито на сениорската репрезентација ќе го има на 17 години, но тој воопшто не изгледа како тинејџер.

Фудбалските фанови веднаш се сетија на случајот со уште еден Камерунец, Жозеф Минала.

Лацио во 2014 година се пофали дека во првиот тим се најде 17-годишниот Жозеф Минала. Тоа не би претставувало никаков проблем доколку фотографиите од Минала не покажуваат нешто друго. Медиумите шпекулираа дека не е тинејџер, туку дека има најмалку двојно повеќе години.

- Оглас -

Најнови вести