Камерунците суспендираа дури 62-ца фудбалери поради лажирање на годините: Ако тој има 17, тогаш јас имам три години

Фудбалската федерација на Камерун денеска суспендира дури 62 фудбалери поради лажирање на годините. Меѓу суспендираните фудбалери и Вилфрид Натан Дуала кој беше дел од селекцијата на Камерун на Африканскиот куп на нации кој се играше во јануари.

Тој беше пријавен како 17-годишен фудбалер и беше најмлад учесник на Африканскиот куп на нации, но камерунските медиуми тврдат дека Дуала не е роден во 2006 година, туку во 1992 година и дека 31 година.

https://twitter.com/ActuFoot_/status/1767105889708765252

 

„Ако тој има 17 години, тогаш јас имам највеќе три“, е еден од коментирате на Камерунците по одлуката за суспендирање на фудбалери.

Сите суспендирани фудбалери се членови на камерунските екипи и поради казната нема да смеат да настапуваат за своите екипи. Највеќе играчи со лажни документи има клубот Спортс академи – 13, а по седум фудбалери има од Викторија јунајтед и АС Фортуна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести