„Камп ноу“ беше полн, а Барселона со „германската инвазија“ загуби 2,5 милиони евра

Барселона само за пет дена двапати загуби на „Камп ноу“ и ги разочара своите фанови. Каталонскиот гигант прво беше поразен и елиминиран од Ајнтрахт Франкфурт во Лигата на Европа, а синоќа со поразот од Кадис, ги загуби и теоретските шанси да се бори за титулата во Шпанија.

За поразот на Барселона од Ајнтрахт ќе се зборува уште долго затоа што тоа не само што беше пораз на теренот, туку и пораз на трибините. На „Камп ноу“ имаше 79.468 гледачи, а дури 34.400 беа навивачи на Ајнтрахт. Неверојатно беше на „Камп ноу“ да има толку бели маици и дресови кои ги носеа гостинските фанови од Германија.

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, откри дека заработката од влезниците била три милион евра. Според тоа колку е прикажана заработката, а пријавени се околу 80.000 гледачи, излегува дека просекот на еден билет е 87.1 евра.

Сепак, податоците на клупскиот сајт велат дека најевтиниот билет за дуелот со Ајнтрахт бил 159 евра. Германците открија дека билетите ги плаќале од 90 до 250 евра, но ако ги плаќале по најевтината тарифа која стои на сајтот на Барселона, заработката на клубот требало да биде барем 5,47 милиони евра, односно 2,5 милиони евра повеќе од тоа што Лапорта го објави.

- Оглас -

Најнови вести