Факундо Кампацо и Фелипе Рејес минаа лесно и ќе платат по илјада евра парична казна за навредите кон судиите во контроверзното финале во Копа дел Реј, што европскиот првак Реал Мадрид го загуби од Барселона.
Кампацо е фатен на камерите како извикува „крадци, крадци…“ кон судиите, а Рејес постапи слично и во бес извикувал „Ова е е*ена срамота и кражба“.
Многу врева се крена за време и по завршувањето на финалето, а од Реал се заканија дури и со истапување од шпанската Прва лига.