19.8 C
Skopje
недела, 7 септември 2025

Кан го прекинал славењето на играчите на Баерн по победата над Барса и им рекол дека треба да играат многу подобро

Баерн Минхен важи за еден од најдобрите европски клубови кој што речиси секоја сезона, без исклучок, се бори за титула во Лигата на шампионите, но и во германското првенство.

За тоа колку се високи очекувњата од Баварците, говори и податокот дека по триумфот над Барселона од 2:0, во соблекувалната на Баерн влегол легендарниот голман, сега веќе спортски директор, Оливер Кан.

Тој ја прекинал прославата на играчите по средбата и им порачал дека треба многу подобро да играат за да ги остварат зацртаните цели во Европа, но и во Бундеслигата.

А најпрво за такво нешто ќе треба да го победат Аугсбург овој викенд.

- Оглас -

Најнови вести