Кан и Салихамиџиќ веднаш после освојувањето на титулата добиле отказ од Баерн Минхен!

Според германскиот весник Билд, Оливер Кан и Хасан Салихамиџиќ веднаш после натпреварот со Келн и освојувањето на шампионската титула добиле отказ од Баерн Минхен. Двајцата беа задолжени за спортскиот дел во “баварскиот“ гигант.

Дури ниту лудата завршница на Бундес лигата и шампионската титула на Баерн Минхен не го спаси двоецот кој според многумина е главен виновник за лошата ситуација во клубот, пред се на спортски план.

Се очекува во текот на денот и официјално соопштение од Баерн за отказот на Кан и Салихамиџиќ.

- Оглас -

Најнови вести