Кан: “Мојата цел е да ја освоиме титулата“, Тухел: “Исцрпени сме“ (Фото)

Кризата во Баерн Минхен продолжува, а таа се чини започна со изненадувачкиот и се чини непотребен отказ на Јулијан Нагелсман од кормилото на “баварскиот“ клуб. После дебаклот од Мајнц и поразот од 3-1, спортскиот директор на Баерн, Оливер Кан, беше запрашан дали ќе си поднесе оставка, а тој умешно го избегна одговорот.

– „Мојата единствена цел е да ја завршиме сезоната со шампионската титула. А, потоа и да нападнеме и во следната сезона.“ – рече легендарниот голман, без конкретно да одговори на поставеното прашање.

Свој коментар за поразот од Мајнц имаше и тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел.

– „Непотребно го загубивме овој натпревар. Не бевме доволно фокусирани. Не чувствував енергија на теренот кога Мајнц не притискаше. Не знам зошто. Во моментов ни е навистина тешко. Премногу работи се случија во екипата. Исцрпени сме, екипата изгледа како да одиграла 70 натпревари.“

 

- Оглас -

Најнови вести