Алфонсо Дејвис и Лукас Кавалини се фудбалерите кои со свои голови во второто полувреме ѝ донесоа победа на Канада против соседот САД од 2-0, што е прв триумф за Јаворовите листови над Американците по цели 34 години.
На стадионот во Торонто, Канада ги освои трите бода и сега е лидер во групата со 9 бода, откако двапати без примен гол ја совлада и Куба во Лигата на нации во зоната КОНКАКАФ.
Не само што Канада не знаеше за победа над САД од 1985 година наваму (оттогаш одиграа 17 меча), туку 12 години и 436 минути игра немаа ни дадено гол против соседот. Таа победа во 1985 беше на пријателски меч во Ванкувер. На триумф во официјален меч чекаа од 1980 година.
Американците следниот месец на свој терен во Флорида ќе имаат шанса за реванш.
Погледнете ги најинтересните моменти од натпреварот во Торонто:
HIGHLIGHTS: Historic #CanMNT victory over USA in Concacaf Nations League. pic.twitter.com/GI0hxeetLg
— Canada Soccer (@CanadaSoccerEN) October 16, 2019