Канада го има фудбалскиот Болт – Погледнете колку е брз (Видео)

Алфонсо Дејвис уште еднаш покажа колку е брз, а ноќеска при клучнито гол за победа на Канада против Панама му помогна и упорноста.

Во 66-тата минута од квалификацискиот дуел во КОНКАКАФ зоната за пласман на Мундијалот, Дејвис имаше неверојатен спринт, а дури и Харолд Камингс, дефанзивецот на Панама, не веруваше дека играчот на Баерн е толку брз, па згреши.

Дејвис во стилот на Јусејн Болт истрча „стотка“ и потоа постигна прекрасен гол што можете да го погледнете ОВДЕ.

Со тој гол Канада направи пресврт и од 0:1, стигна до 2:1, а потоа сè беше полесно, па со уште два гола домаќините ја декласираа Панама со 4:1 и го прескокнаа ривалот на третото место на табелата.

Победи славеа и Мексико против Салвадор со 2:0 на гости, исто како и Јамајка против Хондурас, а САД славеше дома против Костарика со 2:1.

По шест кола, води Мексико со 14 бода, пред САД со 11, Канада со 10, Панама со 8, Костарика со шест, Јамајка и Салвадор со по пет и Хондурас со три бода.

Трите најдобри репрезентации по 14 квалификациски кола ќе обезбедат учество на Мундијалот, а четвртопласираната ќе игра бараж за настап во Катар идната година.

 

- Оглас -

Најнови вести