36.8 C
Skopje
понеделник, 7 јули 2025

Канада првпат во финале на Дејвис купот

Тениската репрезентација на Канада за првпат во својата историја се пласира во финалето на Дејвис купот. Во полуфиналето, Канаѓаните беа подобри со Русија со 2-1.

Рублев го совлада Поспишил за предност на Русија, но Шаповалов изедначи на 1-1 откако го победи Хачанов. Во двојки, Шаповалов и Поспишил беа подобри од Хачанов и Рублев со 2-1 во сетови. Имаше тај-брејк во третиот сет, а канадскиот дубл го доби со 7-5.

Во другото полуфинале во Мадрид, Британците поведоа со 1-0, Едмунд го совлада Лопес, а сега Надал ќе се обиде да изедначи, доколку го совлада Еванс.

- Оглас -

Најнови вести