Канадскиот голман кој брани за Ѕвезда, е роден во Книн, но за него тој град не е во Хрватска!

Канадскиот репрезентативен голман, и актуелен капитен на белградска Црвена ѕвезда, Милан Борјан, негира дека е роден во Хрватска, иако местото на раѓање му е хрватскиот град Книн. Борјан кој е Србин по потекло, тврди дека Книн е во Српска Крајина и Далмација, а не во Хрватска.

Канада за првпат после 36 години ќе игра на Светско првенство, а еден од ривалите во групата им е и Хрватска, земјата во која е роден канадскиот голман. Во 2018 година, тој даде контроверзен одговор на раѓањето дали се чувствува Србин, Канаѓанец или Хрват, со оглед на тоа дека е роден во Хрватска.

„Не сум роден во Хрватска, туку во Крајина, Далмација. Тоа беше српско место. Јас сум некој што по род е од Србија, од Далмација, но се чувствувам Канаѓанец, бидејќи таму поминав многу години од животот“ – изјави Борјан.

- Оглас -

Најнови вести