Канаринците не го задржаа најдобриот стрелец со глава во Премиер лигата (видео)

Челзи се задоволи со минималните 1-0 против Норвич за клучна победа која ги донесе чекор поблиску до пласман во Лигата на шампионите. Канаринците веќе си ја знаат судбината па овој меч не им беше од големо значење, но сепак го задржаа тимот на Лампард на само еден гол и покрај бројните шанси.

Оливие Жиру го скрши мразот во последната минута од судиското надополнување во првото полувреме. Французинот го заби 31-от гол со глава откако пристигна во Премиер лигата во 2012 година, што го прави најефикасен играч во првенството во овој сегмент.

https://twitter.com/SnapGoal/status/1283130456783966208

По 36 лигашки натпревари, Челзи стои на третото место со 63 бода, четири повеќе од Лестер и Манчестер јунајтед кои допрва треба да го завршат обврските во ова коло.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести