29.8 C
Skopje
среда, 20 август 2025

Канатларовски го објави списокот на фудбалери за У21 селекцијата за дуелите против Гибралтар и Шведска

Македонската фудбалска репрезентација за играчи до 21 година кон крајот на овој месец ќе ги продолжи натпреварите во квалификациите за пласман на Европско првенство во Словачка 2025 година. Селекцијата предводена од Драги Канатларовски ја очекуваат два натпревари на домашен терен, и тоа против Гибралтар и против Шведска. Дуелот од петтото коло против Гибралтар е закажан на 21 март на Националната арена „Тодор Проески” со почеток во 14:00 часот, а пет дена подоцна на „Тодор Проески“ ќе играме и против Шведска.

„Нè очекуваат два многу битни натпревари против Гибралтар и Шведска. Мечот со Гибралтар мораме да го добиеме. Императивот е победа, сè друго би било неуспех за нас. Во вториот дуел очекувам да се покажеме во добри светло, ќе се обидеме да се надигруваме со силен противник како Шведска и да покажеме дека победата против неа на гостински терен во првото коло не беше случајна. На претходните мечеви од квалификациите против Холандија, Молдавија и Грузија резултатски не бевме успешни, се надевам дека тоа нема негативно да се одрази на нашата игра на следните мечеви. Верувам во моите фудбалери, имаме сили, располагаме со квалитет кој треба да го покажеме на следните квалификациски дуели. Силно посакуваме да се вратиме на победничките патеки. Фокусирани сме на првиот меч против Гибралтар, кој мора да го добиеме. Што се однесува за дуелот со Шведска, очекувам да имаат друг пристап во однос на првиот наш меѓусебен дуел, но и ние имаме свои математики и цели, стратегија и начин како да се спротивставиме и како да одиграме против нив, вели Канатларовски, на чиј список се најдоа:

ГОЛМАНИ:

Марко Алчевски   А.П. Брера

Стефан Митрев   Кожув

Иван Николоски   Каменица Саса

ОДБРАНА:

Методи Максимов   Алесунд, Норвешка

Стефан Деспотовски   Работнички

Решат Рамадани   Шкендија

Имран Фетаи   Тиквеш

Андреј Стојчевски   Жилина

Михаил Димитриевски   Брегалница

СРЕДЕН РЕД:

Иван Николов   Сондеријске, Данска

Ардијан Цилафи   Сампдорија, Италија

Хамза Рамани   Шкупи

Лука Станковски   Тузласпор, Турција

Алекс Златков   Македонија Ѓ.П

Димитар Тодоровски   Работнички

Матеј Ангелов   Работнички

Ване Крстевски   Шкендија

Берат Калкан   Гостивар

Еркан Семовски   Коге, Данска

Џемил Јахја   Воска Спорт

НАПАД: 

Марио Илиевски   Кишварда

Луан Абази   Сент Гален, Швајцарија

Филип Трпчевски   Уциктен, Шведска

Собирот на репрезентација на Македонија до 21 година е закажан на 18 март во 12 часот во хотел „Хилтон“.

„Во Скопје ќе допатуваат сите играчи кои се повикани, некои од нив се жалат на повреди, но во консултација со докторскиот тим и стручниот штаб, ќе утврдиме кои фудбалери ќе бидат во можност да се стават на располагање за претстојните натпревари. Доколку има потреба, дополнително ќе бидат повикани нови фудбалери. Радува фактот што Трпчевски е здрав и ќе може да му се приклучи на националниот тим. Семовски ќе биде големо освежување во средниот ред, Јахја е фудбалер кој подолго време го следиме, со своите игри во клубот заслужи повик во репрезентацијата“, заврши предводникот на националната репрезентација на Македонија за играчи до 21 година.

 

- Оглас -

Најнови вести