Селекторот на македонската репрезентација за фудбалери до 21 година, Драги Канатларовски, го објави списокот со повикани играчи за квалификациските натпревари за пласман на ЕП 2025 против Холандија (5 септември) и Гибралтар (9 септември).
На списокот на селекторот има 24-ица фудбалери:
ГОЛМАНИ:
Марко Алчевски – Хапоел Ерусалим (Израел)
Андреј Јовчевски – Пелистер
Филип Купанов – Брера А.П.
ОДБРАНА:
Стефан Деспотовски – Шериф Тираспол (Молдавија)
Решат Рамадани – Шкендија
Имран Фетаи – Беса
Андреј Стојчевски – Жилина (Словачка)
Ѓорѓе Џеков – Силекс
Ерен Алиевски – Трелеборг (Шведска)
Анес Мелиќи – Шкендија
СРЕДЕН РЕД:
Иван Николов – Сондеријске (Данска)
Ардијан Цилафи – Сампдорија (Италија)
Хамза Рамани – Шкупи
Бесар Гуџуфи – Шкупи
Димитар Тодоровски – Брера А.П.
Ване Крстевски – Шкендија
Мартин Ѓеоргиевски – Брера А.П.
Бехар Фета – Марибор (Словенија)
Фисник Исаки – Б93 (Данска)
Михаил Талевски – Пелистер
Матеј Ангелов – Черкаси (Украина)
НАПАД:
Марио Илиевски – ЦСКА 1948 (Бугарија)
Фитон Адеми – Шкендија
Филип Трпчевски – Хакен (Шведска)
Собирот на репрезентацијата е закажан за 2-ри септември.
Во квалификациската група за пласман на ЕП 2025 година, нашата млада репрезентација на досегашните шест натпревари оствари две победи. Моментната табела изгледа вака:
1. Холандија 21 бодови (7 меча)
2. Грузија 13 (6)
3. Шведска 10 (6)
4. Молдавија 6 (7)
5. Македонија 6 (6)
6. Гибралтар 3 (8)