Легендарниот Фабио Канаваро беше без работа по заминувањето од Динамо Загреб, но сега има нов предизвик. Италијанецот ја прифати понудата да седне на клупата на репрезентацијата на Узбекистан и ќе ја предводи на Светското првенство во 2026 година.
Поранешниот добитник на „Златната топка“ ќе добие можност за нов почеток и историска шанса да остави свој печат во фудбалот на Узбекистан.
Канаваро последно беше ангажиран во Динамо Загреб, од каде си замина на 9 април оваа година и оттогаш беше слободен во изборот на нова работа. Ова ќе биде негово второ селекторско искуство, со оглед дека претходно имаше краток ангажман од два натпревари на клупата на репрезентацијата на Кина.
Во тренерската кариера работеше во Ал-Наср, Куанџиан, Гвангжу Евергранде, Беневенто, Удинезе и Динамо Загреб.