Националниот тим на Узбекистан, кој за првпат во својата историја се пласира на Светско првенство, ќе биде предводен на завршниот турнир во САД, Мексико и Канада од легендарниот Фабио Канаваро. Светскиот шампион од Мундијалот 2006 стана селектор со четвртиот највисок договор во светот.
Поранешниот италијански репрезентативец потпиша договор до 31 јули 2026 година. Фудбалската федерација на Узбекистан го привлече со нето-плата од 4 милиони евра годишно. Канаваро ќе заработува 333.333 евра месечно, 76.923 евра неделно, 10.959 евра дневно, 456,62 евра на час и 7,61 евро во минута.
Вистинско богатство и многу повеќе пари од тоа што го добива неговиот пријател и колега Џенаро Гатузо, кој го презеде националниот тим на Италија по Лучијано Спалети. Поранешниот играч за врска има едногодишен договор со нето-плата само од 1 милион евра бруто (500.000 евра нето).
Канаваро сега се израмни со Роберто Мартинес, селекторот на Португалија, а пред него меѓу тренерите на национални селекции се само Карло Анчелоти (Бразил) со 9,5 милиони евра, Томас Тухел (Англија) со 5,9 милиони и Јулијан Нагелсман (Германија) со 4,9 милиони евра.
Италијанскиот стратег беше без ангажман од април, откако брзо ја заврши својата кратка епизода со Динамо Загреб.