Торонто репторс – ЛА клиперс (01ч, НБА-лига)
Ноќва сите љубители на кошарката и НБА-лигата ќе го следат дербито меѓу шампионот Торонто и моќниот тим на Клиперс. Во Канада се враќа Кавај Ленард за првпат откако ги напушти Репторс, па ќе биде интересно да се види како фановите на актуелниот првак ќе го пречекаат човекот кој практично им ја донесе историската титула.
Торонто и Клиперс сезонава веќе ги одмерија силите, во „Стејплс центарот“ домашниот состав славеше со 98:88. Ленард во тој меч беше далеку од просекот, но и 12 поени со 11 скока беа доволни да се запише триумф. Атмосферата дефинитивно ќе биде жешка, а Ленард во такви ситуации се снаоѓа одлично, па може да се очекува негово шоу.
Сепак, Клиперс имаат негативен учинок на гостувања сезона (5-6), така што Торонто има шанси да го совлада вториот најефикасен тим од Западот.
Предлог тип: 1 (2.30)
Леброн Џејмс (Орландо меџик – ЛА лејкерс – 01ч, НБА-лига)
Џејсм во последните три гостувања на Лејкерс просечно реализира речиси по 30 поени, што е сосема нормално за еден лидер на екипата да игра на високо ниво. Тој е една од причините што Езерџиите имаат само еден пораз на гости во 12 меча, односно имаат 11 последователни победи.
Орландо може да биде следен во низата, но сепак треба да се земе предвид дека Лејкерс се без победа во Флорида од 2013 година. Кралот мора да биде на ниво на задачата за да се стави крај на лошиот учинок, потребно е да реализира повеќе од 25 поени.
Предлог тип. Л. Џејмс >25,5 поени (1.85)
Индијана пејсерс – Бостон селтикс (01ч, НБА-лига)
И во Индијанаполис ќе биде доста интересно, Пејсерс и Селтикс често знаат да приредат драматичен натпревар. На кошаркарите на Бостон им е удобно кога играат пред фановите на Индијана, добија седум од последните 11 гостувања, додека во севкупните пресметки Келтите се радуваа во последните седум средби.
Индијана претходната ноќ загуби од Клиперс на домашен терен, па затоа ноќеска мора да се оддолжи за тоа разочарување. Според формата, Бостон има поголеми шанси, но најтрофејната франшиза често знае и да потфрли кога не игра на свој паркет.
Предлог тип: <210,5 поени (1.80)
Девон Букер (Феникс санс – Мемфис гризлис – 03ч, НБА-лига)
Ѕвездата на Феникс во овој дел од сезоната не е ефикасен како минатите години, но и натаму држи просек речиси од 22 поени по натпревар. Во него Сонцињата најмногу имаат доверба, па Букер и често знае да биде човек од одлука. Во Аризона ноќеска гостува тимот на Мемфис, еден од послабите во моментов во обид да наниже две победи.
Меѓутоа, Феникс не планира да загуби чекор со останатите екипи за пласман во разигрувањата, а ова е добра прилика да се изедначи учинокот по 24 натпревари. Санс се радуваа на три од последните пет меча против Мемфис во кои ја имаа улогата на домаќини, а преку Букер може да се дојде и до нов триумф за подобрување на меѓусебниот биланс.
Предлог тип: Д. Букер >26,5 (1.87)
Јанис Адетокумбо (Милвоки бакс – Њу Орлеанс пеликанс – 03:30ч, НБА-лига)
Најкорисниот играч во лигата засега лесно го одржува просекот од над 30 поени по натпревар, затоа и Милвоки е во неприкосновена серија од 15 победи во низа. Ноќеска на нивен терен им гостува тимот кој ги загуби последните девет меча. Кризата за Њу Орлеанс продолжува, а нема да биде различно ниту сега бидејќи Милвоки има намера да доминира што е можно подолго.
Во зависност од тоа како ќе се одвива средбата, односно дали Пеликаните ќе пружат отпор, така ќе игра и Јанис. Ако е тесен резултатот, ѕвездата на Милвоки ќе ја преземе работата во свои раце и повторно ќе одигра блескава партија.
Предлог тип: Ј. Адетокумбо >31,5 поени (2.0)