Левиот бек на Манчестер сити, Бенжамен Менди, поради повреди повеќе е во болница или на клупата за резерви отколку што игра, но во последната година освои дури шест трофеи.
Менди во последните 365 дена одигра само 22 меча, па придонесот во освојувањето трофеи и не му е толку голем. Неговите соиграчи успеаја две сезони по ред да ја освојат Премиер лигата, исто и Карабао купот, имаат и Комјунити шилд, а човекот освои и златен медал и стана светски првак со Франција. В сабота има прилика за нов трофеј, оној од ФА купот.
Французинот во Сити дојде во 2017 година за повеќе од 50 милиони евра по одлична сезона во Монако, но проблем му е што не може подолго време да остане здрав. Имаше скинати предни вкрстени лигаменти на коленото, па имаше проблем со менискусот, а мечеви пропушти и поради повреди на бедрениот мускул и стапалото.
Последен настап му беше дуелот на кој Сити испадна од Тотенхем во Лигата на шампионите.