Кандидатот за претседател на Барселона, Марк Сирија, ја објави својата намера да ја врати легендата на Барселона, Лионел Меси, во каталонскиот клуб.
Славниот Аргентинец и прв стрелец во историјата Барселона, го напушти клубот во летото 2021 година и моментно игра за Интер Мајами. Меси неодамна долета во Барселона и тајно среде ноќ го посети реновираниот стадион „Камп ноу“, изразувајќи надеж дека еден ден ќе се врати, и тоа не само за да се збогува како фудбалер, нешто што не му беше дозволено.
„Не сакаме најголемата легенда на нашиот клуб да се врати дома скришно и под закрилата на ноќта. Ќе направиме сè што е можно за да го вратиме Меси во Барселона. Ни треба Меси, врската Меси-Барса мора да биде како таа на Мајкл Џордан со ‘Најки’, тоа ќе ни помогне да излеземе од економската криза“, рече Сирија, кој е економист и догодина ќе се трка за прв човек на каталонскиот клуб.

