4.8 C
Skopje
сабота, 21 февруари 2026

Кандидат за претседател на Барселона: „Кејн е она што ни недостига“

Чави Виљажоана е еден од кандидатите за претседател на Барселона, на клупските избори кои ќе се одржат во март. Тој ветува дека доколку биде избран ќе го доведе Хари Кејн, а откри и дека веќе стапил во контакт со него.

„Она што ни недостасува е централен напаѓач. Некој што може да биде дел од комбинациската игра, а воедно да биде и убиец во шеснаесетникот. Кејн совршено би се вклопил во нашиот стил. Способен е да се повлече поназад за да учествува во комбинации, а може да игра и како класична деветка. Носи подвижност и игра добро кога тимот се повлекува. Хари би бил голем адут за Барселона. Исто така мислам дека ни е потребен добар централен дефанзивец. Не велам дека имаме лоши, но ни треба некој што може да ја избалансира младоста и неискуството. Веќе стапивме во контакт со еден играч и мислам дека тој совршено би се вклопил во тимот, ако ги оставиме настрана договорните прашања.“ – вели Виљажоана.

Сепак, тешко е за очекување дека Барселона ќе може да го откупи неговиот договор со Баерн Минхен, без оглед кој ќе победи на претседателските избори.

- Оглас -

Најнови вести