Ако Жорди Фаре победи на претседателските избори во Барселона, тој најавува дека за тренер на фудбалскиот тим ќе се обиде да го донесе Јирген Клоп. Фаре веќе имал контакти со менаџерот на Клоп и разговарале за можноста Германецот следното лето да си замине од Ливерпул и да седне на клупата на Барса. Клоп има договор со Ливерпул до 2024 година.
„Ако Куман направи добри резултати, се разбира дека ќе го задржиме. Му посакувам среќа бидејќи пред него е голем предизвик. Но, мислам дека ни треба тренер од типот на Клоп. Почнавме разговори со него, сакам тренер како Клоп“, вели Фаре.
Покрај Фаре и актуелниот претседател Хосеп Марија Бартомеу, на изборите во март следната година довербата ќе ја бараат уште и Виктор Фонт, кој важи за фаворит, и Луис Фернандес Ала.