Андрес Ибара, кој ќе биде кандидат на претседателските избори во Бока јуниорс во декември, беше во Манчестер и ја искористи шансата таму да се фотографира со трофејниот тренер Хосеп Гвардиола додека држат дрес на Бока.
Гвардиола е насмеан, а иако не е реално тој наскоро да седне на клупата на Бока, сепак му помага на Ибара во претседателската трка и фанатичните навивачи веќе ги фати еуфорија и веруваат дека еден ден Шпанецот може да седне на клупата на Бока.
„Бока мора да соработува со најголемите клубови на светот и повторно да биде во топ 5“, порача Ибара.
Според аргентинските медиуми, Ибара при посетата на англискиот и европски првак, разговарал и за потенцијалниот трансфер на Валентин Барко од Бока во Сити. Инаку, главно ветување на Ибара во кампањата е дека ќе го прошири капацитетот на стадионот „Бомбонера“ на 105.638 места.