23.8 C
Skopje
вторник, 29 јули 2025

Кандидат за тикет на годината: Прилепски Нострадамус фати вкупен коефициент 24.000! (Фото)

Обложувач од Прилеп се покажа како неверојатно добар прогнозер, во уплатно место на Sport Life во неделата вложил 20 денари и типувал дека на 17 фудбалски натпревари во лиги во Аргентина и Бразил ќе има 1-2 гола во првото полувреме.

Мечевите се играа во неделата вечерта и, за среќа на овој прилепчанец, кој се покажа „видовит“ како Нострадамус или Баба Ванѓа, на сите имаше од еден до два гола во првите 45 минути.

Се разбира, потребна била и доза на среќа, имаше дуел на кој два гола паднаа до 20-тата минута, а кога би имало трети, тикетот би бил недобитен. Имаше и мечеви кои завршуваа со по 6-7 гола, но и таму во првиот дел немаше повеќе од два.

Така овој играч фати вкупна квота од 24.025 и стана побогат за над 400.000 денари. Бруто-добивката изнесуваше 480.505 денари, што е спектакуларна добивка особено ако се знае дека е уплатен минималец.

- Оглас -

Најнови вести