Кандидатот за нов претседател на Барса: Меси ќе остане и ќе го вратам Гвардиола!

Виктор Фонт, еден од кандидатите за нов претседател на Барселона, откри што е главно во неговиот проект за да ги добие потребните гласови и да стане прв човек на каталонскиот спортски колектив.

Фонт најави дека ќе стори сè што е во негова моќ да го убеди Лионел Меси да остане на „Камп ноу“ и по завршувањето на неговиот актуелен договор, кој истекува во јуни 2021 година. Се разбира, ќе му понуди нов договор, а без разлика дали Роналд Куман ќе има успешна сезона, Холанѓанецот нема да ја предводи екипата доколку Фонт биде претседател.

Ако останувањето на Меси не е доволно добра причина за Фонт да биде изгласан, неговата друга намера е да го врати Пеп Гвардиола на клупата речиси по една деценија откако ја напушти Барселона. Гвардиола има уште осум месеци од договорот со Манчестер сити и засега нема знаци дека ќе ја продолжи соработката, по што се вжештија шпекулациите дека можеби чека повик од Блауграна.

- Оглас -

Најнови вести