Кањелас: Штета што не играме против Македонија, навивачите секогаш прават одлична атмосфера

Европскиот првак Шпанија пристигна во Виена и тоа со три победи во три меча. Црвената фурија и на овој турнир важи како еден од главните фаворити за титулата. Во шпанскиот состав има неколку добро познати ракометари за македонската јавност, а еден од нив е и Жоан Кањелас.

Поранешниот вардаров играч вели дека е штета што Македонија не ја помина групната фаза.

Го гледав вчерашниот меч на Македонија. Имаа шанса да одат во главната рунда, но за несреќа тие загубија. Ќе беше убаво да играме против Македонија во мечевите кои одлучуваат за место во полуфиналето затоа што македонските навивачи секогаш создаваат добра атмосфера. За жал ќе мора да чекаме друго натпреварување за евентуален дуел“, вели Кањелас, кој останува резервиран околу тоа дали Шпанија има шанси да ја одбрани титулата.
„Одлично поминавме во првата фаца, но мора да продолжиме така. Сега сме во добра позиција, но ни претстојат уште четири тешки противници. Треба да го задржиме ритамот. Немаме притисок за одбрана на титулата. Сакаме да стигнеме до полуфиналето, тоа е наша цел. Знаеме дека е многу тешко да се одбрани титулата, па затоа ќе одиме чекор по чекор“, заврши Кањелас кого го најдовме во „Штадхале“ салата во Виена.
- Оглас -

Најнови вести