22.8 C
Skopje
петок, 22 август 2025

Кансело конечно проговори за причините поради кои преку ноќ го снема од првиот тим на Сити

Португалскиот интернационалец Жоао Кансело во 2019 година направи трансфер од Јувентус во Манчестер сити за 65 милиони евра. Брзо се избори за место во првиот тим на Пеп Гвардиола и беше незаменлив дел од него. Сепак, преку ноќ го снема од плановите на тренерот на Граѓаните, па беше испратен на позајмица најпрво во Баерн Минхен, а потоа и во Барселона, пред да му биде продаден на Ал-Хилал од Саудиска Арабија.

Кансело сега конечно проговори за причините поради кои си замина од Манчестер сити. Долго се шпекулираше дека проблемот е жестока кавга со Пеп Гвардиола.

„Имавме различни ставови, но тоа не беа расправии. Имам цврст карактер, исто како и Гвардиола, но тој е шефот и јас максимално го почитував тоа. Отидовме по различни патишта, но јас сум му благодарен на Бога што имав прилика да работам со него. Секогаш сум искрен, иако тоа не е баш најдобрата работа, но јас поинаку и не знам. Така ќе продолжам додека сум жив. Најдобрите моменти во мојата кариера беа во Манчестер сити. Одев на трензите и на натпреварите и уживав во тоа, но не сакав да останам, а и тие не сакаа јас да останам. Тоа е тоа“, рече Кансело.

- Оглас -

Најнови вести