Кансело е опасно засилување за Баерн, во првите два меча има две асистенции

Португалскиот репрезентативец Жоао Кансело, кој во последниот ден од зимскиот преоден рок дојде на шесмесечна позајмица во Баерн Минхен, уште во првите натпревари покажа дека ќе биде големо засилување за баварците.

https://twitter.com/i/status/1622279376866889729

Во деби настапот за Баерн, бекот имаше една асистенција во победата на неговиот тим од 0:4 против Мајнц во Купот на Германија, а денеска дебитирише и во Бундеслигата и тоа повторно со асистенција.

https://twitter.com/BavarianFBWorks/status/1622275678266707968?s=20&t=VcLxSQ6uexG_FTujwxLKDA

Баварците по 30 минути игра имаат водство од 0:3 на гостувањето кај Волфсбург, а Кансело асистираше при постигнување на вториот гол на Кингсли Коман. Коман ги постигна првите два гола, во деветтата и 14-та минута, а третиот гол беше дело на Томас Милер во 19-та минута.

- Оглас -

Најнови вести