Канте оваа сезона одигра пет натпревари, а промени четворица тренери

Нголо Канте синоќа против Реал Мадрид го одигра првиот натпревар во Лигата на шампионите откако се врати од тешката повреда. Тоа беше за него само петти натпревар оваа сезона.

Под водство на Томас Тухел на почетокот на сезоната, Канте одигра два натпревари за Челзи во Премиер лигата и се повреди. Томас Тухел беше заменет, а Канте се врати на теренот против Астон вила, кога тренер беше Греам Потер. Подоцна и Потер беше променет.

Наредниот натпревар Челзи играше против Ливерпул, а Канте беше капитен. Сините од Лондон од клупата беа предводени од Бруно Салтор, кој беше привремено решение за тренерската позиција.

Петтиот натпревар за Канте оваа сезона беше синоќешниот против Реал Мадрид, а на клупата на Челзи беше новиот тренер Френк Лампард. Ситуација која веројатно на ниту еден фудбалер во светот досега не му се случила.

- Оглас -

Најнови вести