Неиграњето на повредениот Карим Бензема не значеше преголем хендикеп за Ал-Итихад бидејќи вечерва супер расположен беше еден друг Французин, Н’голо Канте, кој со асистенција и прекрасен гол му донесе победа на актуелниот првак на Саудиска Арабија.
Ал-Итихад победи против Ал-Фатех со 2-1 и со новите три бода се искачи на првото место на табелата во саудиското првенство.
Погледнете го мајсторскиот победнички гол на Канте, кој речиси две години немаше дадено гол на официјален меч, но вечерва играше како во најдобрите денови и се запиша во листата на стрелци:
https://twitter.com/i/status/1704938023991828765