Францускиот играч за врска Н’Голо Канте е подготвен да се врати во Европа, јавува германскиот „Скај“. Канте беше еден од најдобрите играчи од средниот ред кога реши да си замине од Челзи и да ја прифати понудата на тимот на Ал-Итихад од Саудиска Арабија.
Повеќе од јасно беше дека Канте реши да оди „по парите“ во Саудиска Арабија, каде што потпиша договор според кој заработува 480.000 евра на неделно ниво. Со Ал-Итихад успеа да триумфира во првенството, но и во Купот, а сега на половина од сезоната, најавите се дека ќе се врати во Европа.
За Канте најзаинтересиран е тимот на Фенербахче. Турскиот гигант го доведе Матео Гендузи, а сега ред е да го промовираат и Канте како нов член на тимот од „Шукру Сарачоглу“.
По 17 одиграни кола, Фенербахче е единственит тим во турското првенство без пораз, но е втор на табелата со 39 бода, три помалку од лидерот Галатасарај.
Канте има договор до крајот од сезонава со Ал-Итихад, а Фенербахче верува дека ќе го добие Канте во овој преоден рок. Францускиот репрезентативец веќе се согласил да добива многу помала плата од таа која ја добиваше во саудиското првенство во претходниве две и пол сезони.

