Репрезентативецот на Франција, Н’голо Канте, е пред враќање во Европа откако минатото лето реши да се пресели во Саудиска Арабија, во екипата на Ал-Итихад. И покрај трансферот на Блискиот Исток, Канте остана во врвна форма, а доказ за тоа беа и настапите на Европското првенство.
Негов следен клуб се очекува да биде Атлетико Мадрид, со оглед на тоа дека шпанските медиуми пренесуваат дека веќе се започнати преговорите помеѓу Јорганџиите и екипата од Саудиска Арабија.
Канте во својата кариера настапуваше за Булоњ и Кан во француското превенство, а потоа направи трансфер во Лестер. Врвот на кариерата го имаше во екипата на Челзи, кога вредеше неверојатни 100 милиони евра. Минатото лето како слободен фудбалер се пресели во Ал-Итихад.