Кантите полни со фрлени тикети: киксираа Баерн, Јуве, Милан, Реал, Ливерпул, ПСЖ…

Викендов се случија многу неочекувани резултати во топ-лигите во Европа, многу фаворити се лизнаа, па кантите за отпад се наполнија со недобитни тикети.

Во Италија, Милан беше декласиран дома од Сасуоло со 2-5, а Јувентус беше надигран од Монца со 0-2. Резултати кои малкумина ги очекуваа.

Ливерпул беше елиминиран од ФА купот против Брајтон. Црвените загубија со 1-2 и разочара многу свои фанови, но и обложувачи.

Пари Сен Жермен играше нерешено дома против Ремс. Светците не блескаа, имаа водство од 1-0 и кога чекаа крај, беа шокирани, примија гол, па освоија само бод.

Дома не успеа да победи ниту Баерн Минхен, гигантот од Бундеслигата, кој уште не знае за победа во календарската 2023 година. Баварците имаат четири ремија по ред.

Капак беше синоќа, кога не победи ни Реал Мадрид, иако имаше прилично тежок противник, третопласираниот во шпанската лига Реал Сосиедад. Ова беше првпат сезонава Реал на свој терен да не даде и да не прими гол на свој терен.

- Оглас -

Најнови вести