Ерик Кантона, еден од најдобрите играчи во историјата на Манчестер јунајтед, има интересно објаснување за тоа што е Манчестер јунајтед во моментов. Некогашниот француски играч е разочаран што неговиот Манчестер е далеку од трката за титулата во Англија, па моментно е далеку и од позициите кои водат излез во Европа.
По 18 одиграни меча, Манчестер има освоено само 25 поени, што е најслаб биланс во историјата на Премиер лигата. Кантона вели дека Црвените ѓаволи ги разочарале сите негови фанови.
„Манчестер јунајтед има посебно место во моето срце. За жал, сега кога го гледам Манчестер, како да гледам старец кој сака да води љубов. Се труди колку што може, но на крајот сите се разочарани“ вели Кантона, кој сепак на крајот потенцираше дека очекува Јунајтед да се врати на старите патеки. „Ќе се врати стариот сјај на Манчестер, повторно ќе биде најдобар клуб во светот“, заврши Кантона.