Раководството на Манчестер јунајтед одлучи да продолжи да ги намалува трошоците, а тоа значеше и крај на ангажманот на Сер Алекс Фергусон како амбасадор на клубот, за што заработуваше по 2.4 милиони евра годишно.
Сепак, ваквата одлука не им се допадна на навивачите, но и на легендите на клубот, а еден од оние кои јавно реагираше беше и легендарниот Ерик Кантона.
„Сер Алекс Фергусон е човек кој требаше да го оставите да работи што сака во Манчестер јунајтед, буквално што сака се додека е жив. Немаат воопшто почит. Ова е скандалозно. Сер Алекс Фергусон секогаш ќе биде мој шеф.“ – рече Кантона за одлуката на раководството на Манчестер јунајтед.
Сер Алекс Фергусон беше тренер на „црвените ѓаволи“ од 1986-тата до 2013-тата година. За 27 години освои 11 титули во Премиер лигата, пет трофеи во ФА купот, два во Лигата на шампионите и четири во Лига купот.