Канзас и Сан Франциско со децении чекаат на Супербоул титула

Дојде време за најголемиот спортски настан во САД. Канзас сити чифс и Сан Франциско фортинајнерс ќе ги одмерат силите во 54-тото издание на Супербоул кое ќе се одржи во Мајами пред исполнетиот „Хард рок“ стадион. Како никогаш досега се покажа интерес за големото финале, ако се земе во предвид дека цените за билетите достигнаа од 10.000 до неверојатни 54.000 долари, речиси 65.000 гледачи ќе уживаат во неивесниот дуел, а секако со нетрпение се чека забавниот дел на полувремето на кое ќе се појават музичките ѕвезди Џенифер Лопес и Шакира.

Се очекува посебен меч ако се знае дека двете екипи со децении чекаат на титула во НФЛ лигата, Најнерси последен пат беа шампиони пред 25 години, а Канзас чека двојно повеќе. Не може да се издвои фаворит, иако според коефицинетите во Sport Life обложувалници Чифси за нијанса имаат поголеми шанси да го освојат пехарот.

Доколку Сан Франциско сака да го врати шампионскиот сјај, ќе треба да се потсети на славните денови од 80-тите и 90-тите години кога доминираа и освоија пет титули. Последен пат на Супербоул се појавија во 2012 година кога Најнерс загубија од Балтимор рејвенс и тоа им е единствен пораз во меч за титула.

Канзас пак може да се пофали со само една Супербоул титула која ја освоија во 1969 година, што воедно беше нивно последно појавување во финалето. Точно половина век чекаа на пласман во мечот за трофеј, и ако на крајот Чифс не излезат како победници кој знае кога нареден пат ќе имаат шанса да се борат за престижот.

Sport Life за овој спектакл нуди богат избор за обложување. Покрај тоа што може стандардно да се типува (кец, двојка, минус/плус поени), во понудата има и индивидуален учинок на играчи за истрчани јарди, а секако може да погодувате колку тачдауни ќе забележат двете екипи.

Почетокот на 54-тото издание на Супербоул е предвиден за половина час по полноќ.

- Оглас -

Најнови вести