Капа долу: Со седум меча на иста тактика си ќари над 500.000 денари

Експерт за островски фудбал, и тоа од помалку познатите лиги, има во Куманово откако само со 200 вложени денари на седум натпревари, успеа да заработи 541.814 денари. Одиграни се мечеви од Северна Ирска и од ниските лиги во Англија, а тактиката била иста на сите средби – една од двете екипи да постигне барем по еден гол во двете полувремиња. Квотите за оваа игра на тикетот се движеле од 2.22 до 4.05.

Во Северна Ирска, Њури Сити со 3:2 славеше над Балимена, а домаќините на полувреме водеа со 2:1. Гостите израмнија во 76-тата минута и иако на крајот загубија, доволно беше тоа што постигнаа по еден гол во двете полувремиња затоа што тука играта била Т2 1+I&1+II. Во вториот меч на екипи од Северна Ирска, Институте немаше никакви проблеми и со убедливи 8:1 славеше над Кнокбреда, а на полувреме домаќините водеа со 4:1.

Останатите пет меча се од доминација од ниските лиги во Англија и екипи кои поретко ги слушаме за играње. Саутенд и Нотс каунти ремизираа 2:2, а гостите погодија по еднаш во двете полувремиња и тоа беше најважно за обложувачот.

Со ист резултат од 2:2 завршија и средбите Саутпорт – Брикли и Банбери – Честер, а и на овие средби гостинските екипи погодуваа по еднаш во двете полувремиња. Драматично беше за Честер, кој израмни дури во 88-мата минута.

Ебсфлит на гости го победи Хамптон енд Ричмонд со 2:1, а гостите по еднаш погодуваа во двете полувремиња. Последен меч на тикетот е дуелот од Лига купот меѓу МК Донс и Моркомб 2:0, а домаќините победија со 2:0 откако на полувреме резултатот беше 1:0 и тоа беше комплетирање на добитен тикет од речиси 9.000 евра.

 

- Оглас -

Најнови вести