26.8 C
Skopje
петок, 22 август 2025

Капа долу за Кралевите: Реал Мадрид прв клуб во светот со 100 титули во официјални натпреварувања!

Со освојувањето на Светското клупско првенство, Реал Мадрид дојде до бројка од 100 титули на официјални натпреварувања, и стана прв клуб во светот на кој му пошло тоа од рака.

Реал е рекордер по бројот на титули во Лигата на шампионите, шпанската лига, Светското клупско првенство, а има трофеи и во многу други натпреварувања во кои учествувал, па вечерва слават голем јубилеј, 100 победнички пехари во пребогатата клупска историја.

Инаку, рекорди поставија и Тони Крос кој е прв со шест титули на светско клупско, и Карим Бензема кој дојде до 32-ри трофеј во кариерата и сега е најтрофеен Французин.

Флорентино Перез има 31 титула како претседател на Реал и се изедначи со Сантијаго Бернабеу, а Карло Анчелоти е третиот тренер кој има три титули на светско клупско.

- Оглас -

Најнови вести