Капа долу за потегот, во Овиедо еден плоштад ќе се вика „Санти Касорла“

Градот Овиедо одлучи на посебен начин да му се оддолжи на фудбалерот Санти Касорла, кој иако е 40-годишен, даде голем придонес во враќањето на клубот Реал Овиедо во првата шпанска лига по пауза од 24 години.

Во 2012 година навивачите собираа пари за спас на клубот, а им се приклучија и ентузијасти, меѓу кои и Касорла.

Касорла, кој двапати беше европски првак со селекцијата на Шпанија, реши кариерата да ја заврши дома во Овиедо, одбивајќи неколку финансиски одлични понуди.

Затоа градоначалникот на Овиедо, Алфредо Кантели, одлучи името на Касорла засекогаш да биде поврзано со градот. Плоштадот „Америка“, на којшто има фонтана и каде што навивачите на Овиедо обично ги слават победите, повеќе нема да се вика така, туку плоштад „Санти Касорла“.

Честитки за овој потег!

- Оглас -

Најнови вести