Кристијано Роналдо се појави во јавноста првпат по големата трагедија која го снајде пред два дена, кога од новородените близнаци, преживеа само девојчето, додека машкото бебе, за жал, почина.
Скршен од болка, Роналдо не играше на дебито со Ливерпул, но фановите на двата ривали му дадоа поддршка со едноминутен аплауз.
Сепак, 37-годишниот Роналдо покажа дека е врвен професионалец и уште денеска се појави во тренинг-центарот на Манчестер јунајтед во Карингтон.
Португалецот беше фотографиран во автомобил додека одеше на тренинг. Се гледа тага на неговото лице, но реши да се приклучи на тренинзите. Инаку Роналдо има пет деца од три различни мајки.