Капарос: Добро ги познаваме Македонците, но и тие нас

Ерменскиот селектор Хоакин Капарос смета дека неговиот тим и Македонија добро се познаваат и го пофали македонскиот национален тим.

„Во последните години одигравме неколку натпревари со Македонија. Добро го познаваме нашиот утрешен ривал, но и тој добро не познава нас. Македонија има многу добар тим. Додека има шанси, до крај ќе се бориме за место на Мундијалот“, рече шпанскиот стручњак.

Капарос додаде и дека не е среќен што некои од неговите клучни играчи немаат доволна минутажа во своите клубови.

- Оглас -

Најнови вести