Легендарниот италијански тренер, Фабио Капело, е полн со пофални зборови за актуелниот стратег на Реал Мадрид, неговиот сонародник Карло Анчелоти.
Анчелоти со Реал Мадрид изминатиот викенд триумфира на Светското клупско првенство, а минатата сезона ја освои Лигата на шампионите и победи во Ла Лига.
Тој има четири триумфи во Лигата на шампионите, по две со Реал Мадрид и Милан и има освоено титули во петте најсилни европски лиги.
„Анчелоти е голем тренер, најголемиот што го имала Италија. Тој е најдобар бидејќи е многу тешко да се победи на секој меридијан“, вели Капело, кој смета смета дека неговиот сонародник треба да ја прифати понудата на Бразилците и да стане селектор на Кариоките.
„Тешко е да се предводи репрезентација, но во неговиот случај, водењето на селекцијата на Бразил би требало да претставува исполнување на соништата. Така и мене ми беше сон да ја водам Англија“.