Искусниот италијански фудбалски стручњак и поранешен успешен тренер на Милан, Фабио Капело, даде свое мислење за миланското градско дерби кое се игра вечерва.
Капело верува дека Интер на хартија е посилен, но Милан не е без шанси на „Дерби дела Мадонина“.
„Дербито во Милано е специјален меч кој многу значи за градот и цела Италија. Интер и Милан имаат многу навивачи низ целата држава. Тренерите немаат потреба од премногу држење на мотивациски говори, играчите се гладни за добар резултат на ваквите дуели. Тензијата трае цела недела, Мислам дека Интер е супериорен во моментов, но Алегри е вистинскиот човек за Милан кој може да им направи проблеми. Љубопитен сум за враќањето на Пулишиќ после повредата, тој може да биде фактор и со Леао да направат проблеми за Интер преку контранападите. Леао е уникатен играч, знае да искреира нешто од ништо, но знае и да ве налути. Зависи на која нога станал утрово. Треба да го прифатите таков каков што е, никогаш не се знае со него, како да фрлате паричка“, вели Капело.

