19.8 C
Skopje
петок, 8 август 2025

Капело: „Милан со Влаховиќ може да ја освои титулата во Серија А“

Српскиот репрезентативен напаѓач Душан Влаховиќ е на излезна врата од Јувентус, а како најсериозен кандидат за неговиот потпис е Милан. Екипата од „Сан Сиро“ летово дојде до потписот на Лука Модриќ, но легендарниот италијански тренер, Фабио Капело, верува дека токму Влаховиќ може да биде фудбалерот кој ќе го донесе Скудетото.

„Го имам тоа чувство. Секогаш кажувам дека е полесно да се освои титулата во мај, кога имате напаѓач кој може да постигне 20 гола. Влаховиќ тоа веќе го направи во Фиорентина, дури и последната година со Макс во Јувентус не беше далеку. Тој со себе ги носи головите, само треба да си ја врати самодовербата. Го имам кажано ова неколкупати. Тој би дошол за да се докаже и не би имал притисок. Тоа се многу важни детали“, вели славниот Капело.

- Оглас -

Најнови вести