Легендарниот италијански тренер Фабио Капело, раскажа интересна анегдота како бразилскиот напаѓач Роналдо во 2007 година завршил во Милан, иако тој го предупредил газдата на Росонерите дека Роналдо не е дисциплиниран и сака да излегува навечер по дискотеки.
На Силвио Берлускони кој беше сопственик на Милан во тоа време, му се допаднала „препораката“ оти Роналдо не тренира и сака да излегува, па веднаш го купи еден од најдобрите напаѓачи во историјата на фудбалот.
„Паметам дека Берлускони ми се јави и ме прашуваше за Роналдо. Му реков дека не тренира, и дека сака забави и жени, и дека ако го земе во Милан, тоа ќе му биде грешка. Но, следниот ден во весниците прочитав наслов Роналдо во Милан. Беше забавно“ – се присетува Капело.