Капело: Му реков на Берлускони дека Роналдо не тренира и сака да излегува, а тој веднаш го купи!

Легендарниот италијански тренер Фабио Капело, раскажа интересна анегдота како бразилскиот напаѓач Роналдо во 2007 година завршил во Милан, иако тој го предупредил газдата на Росонерите дека Роналдо не е дисциплиниран и сака да излегува навечер по дискотеки.

На Силвио Берлускони кој беше сопственик на Милан во тоа време, му се допаднала „препораката“ оти Роналдо не тренира и сака да излегува, па веднаш го купи еден од најдобрите напаѓачи во историјата на фудбалот.

„Паметам дека Берлускони ми се јави и ме прашуваше за Роналдо. Му реков дека не тренира, и дека сака забави и жени, и дека ако го земе во Милан, тоа ќе му биде грешка. Но, следниот ден во весниците прочитав наслов Роналдо во Милан. Беше забавно“ – се присетува Капело.

- Оглас -

Најнови вести